
Вметнување втора SIM картичка
Имате втора SIM картичка, но сакате да ја користите и главната SIM картичка?
Можете да вметнете или отстраните втора SIM картичка без да го исклучувате
телефонот.
1 Отворете го капакот на надворешниот отвор за SIM картички (1), означен со
.
2 Вметнете ја SIM картичката (2). Осигурете се дека областа за контакт на
картичката е свртена нагоре. Притиснете ја картичката, сè додека не се
заклучи на своето место. Затворете го задниот капак (3).