Вметнување мемориска картичка
Користете само компатибилни мемориски картички, одобрени од Nokia за
користење со овој уред. Некомпатибилните картички може да ја оштетат
картичката и уредот или податоците зачувани на картичката.
Вашиот телефон поддржува мемориски картички со капацитет до 32 GB.
8
За почеток
1 Отворете го отворот за мемориска картичка (1, 2).
2 Осигурете се дека областа за контакт на картичката е свртена нагоре.
Притиснете ја картичката навнатре, сè додека не се заклучи на своето место
(3).
3 Затворете го капакот.
Отстранете ја мемориската картичка
Важно: Не отстранувајте ја мемориската картичка кога некоја апликација ја
користи. На тој начин можете да ги оштетите картичката и уредот, и да ги
оштетите податоците што се зачувани на картичката.
Можете да ја отстраните или замените мемориската картичка без да го
исклучувате телефонот.
1 Отворете го отворот за мемориска картичка.
2 Притиснете ја картичката навнатре, додека не се отклучи, и извлечете ја
картичката надвор.
3 Затворете го капакот.