За Bluetooth конективноста
Одберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Конектив.
>
Bluetooth
.
Можете да се поврзете безжично со други компатибилни уреди, како телефони,
компјутери, слушалки и сетови за во автомобил.
Можете да ја користите конекцијата за да испраќате објекти од Вашиот телефон,
да копирате датотеки од Вашиот компатибилен компјутер и да печатите датотеки
со компатибилен печатач.
Бидејќи уредите со Bluetooth безжична технологија комуницираат користејќи
радио бранови, тие не мора да бидат во директна линиска врска. Како и да е, тие
Конективност
21
мора да бидат оддалечени најмногу 10 метри (33 стапки) еден од друг, иако
конекцијата може да биде попречена од некои пречки како што се ѕидови или
други електронски уреди.
Кога телефонот е заклучен, можни се само конекции со овластени уреди.
Совет: За да пристапите до прилагодувањата за Bluetooth од почетниот екран,
додадете кратенка во додатокот за кратенки.
Забелешка: Може да постојат ограничувања за користењето на Bluetooth
технологијата во некои држави. На пример, во Франција, дозволено е користење
на технологијата Bluetooth само во затворен простор. По 1. јули 2012 година,
ограничувањата за надворешна употреба на технологијата Bluetooth на овој
производ во Франција ќе бидат повлечени од страна на ЕУ. За повеќе
информации, контактирајте ги Вашите локални власти.